Македонија петта во свет според даночниот рејтинг

Bez autora
Nov 25 2010

Македонија според вкупниот рејтинг за плаќање даноци за 2011 година е рангирана на високото петто место. Земјава виско котира и го зазема 33. место според леснотијата при плаќање на даноците, како и 26 позиција според потребното време за плаќање на даноците и таксите. Овие бројки се содржани во последниот извештај на ревизорската куќа Прајсвотерхаус Куперс", во којшто се вели дека според даночниот рејтинг по Македонија се сите земји од регионов и тоа: БиХ на 22. место, Црна Гора - 31. место, Хрватска - 52., Косово - 56, Србија - 60., Словенија - 68., Албанија - 92., а нашиот јужен сосед Грција на дури 125. место. Во извештајот првото место е резервирано за Тимор, каде што граѓаните најмалку време трошат по даночните шалтери, а потоа следуваат Вануату на второто, Малдиви на третото и Намибија на четвртото место. Истражувањето на ревизорите генерално е посветено на времето што граѓаните во различни држави го минуваат по шалтери во намерата да ги платат даноците и за леснотијата со која може да се реализира плаќањето даноци и такси. Во ова истражување опфатени се 183 држави во светот.

Македонија петта во свет според даночниот рејтингМакедонија според вкупниот рејтинг за плаќање даноци за 2011 година е рангирана на високото петто место.

Земјава виско котира и го зазема 33. место според леснотијата при плаќање на даноците, како и 26 позиција според потребното време за плаќање на даноците и таксите. Овие бројки се содржани во последниот извештај на ревизорската куќа Прајсвотерхаус Куперс", во којшто се вели дека според даночниот рејтинг по Македонија се сите земји од регионов и тоа: БиХ на 22. место, Црна Гора - 31. место, Хрватска - 52., Косово - 56, Србија - 60., Словенија - 68., Албанија - 92., а нашиот јужен сосед Грција на дури 125. место.

Во извештајот првото место е резервирано за Тимор, каде што граѓаните најмалку време трошат по даночните шалтери, а потоа следуваат Вануату на второто, Малдиви на третото и Намибија на четвртото место.

Истражувањето на ревизорите генерално е посветено на времето што граѓаните во различни држави го минуваат по шалтери во намерата да ги платат даноците и за леснотијата со која може да се реализира плаќањето даноци и такси. Во ова истражување опфатени се 183 држави во светот.

За споредба Македонија во 2010 година според даночниот рејтинг била позиционирана на 12. место, на 26. место по леснотијата на плаќање на даноци, додека според потребното време за плаќање даноци на 10. место.

Интересно е што податоците од извештајот се совпаѓаат со оние на експертите од Светска банка кои укажуваат дека нивното плаќање и покрај економскта криза, е доста олеснето.

- Речиси 60 проценти од економиите во светот направија значајни бизнис-регулаторни промени со што се олесни плаќањето на даноците, иако кризата влијаеше, како и бавното глобалното закрепнување - велат од Светска банка и ИФЦ .

Во Извештајот, исто така, се посочува дека кај 40 проценти од светските економии има подобрување, додека во просек на глобално ниво, секоја компанија во годината троши околу 45 дена за плаќање на даноците, или вкупно 282 часа.

Македонија од 2006 година оди по нагорна линија и е рангирана меѓу земјите кои ги подобриле своите системи за плаќање на даноци и такси. Спротивно од кај нас, Романија е рај за бирократијата и таа се најде на 153. место. Секој Романец губи 222 часа во годината за да си ги плати даноците, а тенденцијата се движи кон зголемување на бирократијата, бидејќи во 2009 година за истата цел романските граѓани имале потреба од 202 часа, а во 2006 година од 190 часа.

Во Македонија граѓаните на годишно ниво губат околу 112 часа за да ги платат даноците. Грците пак, губат 224 часа, а Бугарите 614 часа или 26 дена. Кај нашиот северен сосед Србија граѓаните во текот на годината трошат 277 часа за плаќање даноци, а Албанците 360 часа. Рекордери се граѓаните во Бразил, каде што на годишно ниво трошат 2.600 часа пред шалтери или дури 108 дена. Ни минута не се троши за плаќање на даноци во Малдиви, а само 12 часа во Саудиска Арабија.

Ревизорите утврдиле дека земја која постигнала најголем напредок во надминување на бирократијата е Тунис. Таму е применет електронски систем за плаќање на данок на заработка и на ДДВ.

Студијата, исто така, покажа дека плаќањето на даноци е најлесен за бизнисот каде што се развиени економиите, бидејќи нивните даночни трошоци се најниски и со најниско административно оптоварување.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik